Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Изворот Шум во Струга повторно е под сериозна закана од загадување

По само два месеци откако беше исчистен комуналниот и градежниот отпад, изворот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По само два месеци откако беше исчистен комуналниот и градежниот отпад, изворот Шум во Струга повторно е под сериозна закана од загадување. Овој пат заштитеното подрачје се полни со кабаст отпад и угинати животни. Директорот на јавното водоводно претпријатие, кој веднаш интервенирал, упати апел до институциите соодветно да одговорат и да ги казнат несовесните.

Се преземаат, вели, мерки за санација на изворот Шум, од кој со вода се снабдуваат цела Струга и струшкиот регион, но мора да се стави крај на ваквото самоволие. Иако има забрана за движење, месното население гравитира во строго забранетата зона, каде сè уште функционира ресторан со тоалети и септички јами.

„Несериозно и жално е што некој дозволил да се експлоатира огромна површина над изворот и да се нанесе непроценлива штета, која нè доведува во опасност да ги изгубиме изворите, квалитетот и издашноста на водата. За жал, мораме да бидеме реални дека постои опасност градот Струга, од град на две води, да остане без вода“, вели Јованчо Мечкароски, директор на Ј.П. „Водовод“ Струга.

Реклама

Во моментов се спроведува правната процедура за формирање заштитни зони, како и добивање дозвола за легално користење на Шум.

„И по завршувањето на целата постапка, истата ќе биде поднесена и на владина седница и владина процедура за донесување конкретна одлука“, вели Мухамед Хоџа, министер за животна средина.

Од Основното јавно обвинителство во Струга уште еднаш го потврдија ставот дека се вршат повеќе комплексни вештачења на квалитетот на водата и на причините што довеле до загадувањето. На лице место се повикани и стручни лица – геодет и геолог, а се очекуваат и резултатите од наредените вештачења, со цел да се донесе јавнообвинителска одлука.

Во меѓувреме, забраната за ископ во близина на изворите останува на сила, а обвинителството презема и повеќе други дејствија.

Две правни лица од Велешта веќе се сомничат за кривични дела – незаконита експлоатација на минерални суровини и загадување на водата за пиење во близина на изворите во Шум.