Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Обвинителството бара таткото на Вања да биде осуден за киднапирањето, Ѓорчевски одговори: „Јас сум заложник“

Обвинителството не се откажува – бара од Апелација, Александар Ѓорчевски, таткото на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителството не се откажува – бара од Апелација, Александар Ѓорчевски, таткото на малата Вања да биде осуден затоа што му помагал на Палчо и неговата група да ја киднапираат ќерка му, која потоа ладнокрвно ја убиле. Палчо пак, упорно тврди дека е невин и ги закопа апелациските судии со десетици странци материјал каде наводно утврдил дури 50-тина повреди во судската постапка. Двет страни си ги образложија жабите, сега останува на Апелацискиот суд да реши дали Ѓорчевски повторно ќе седне на обвинителна клупа и дали ќе ги земе во предвид забелешките на осудениот убиец Палчо.

Обвинителесвото смета дека во првичната пресуда Кривичниот суд не ги анализирал доволно доказите кои упатувале на вмешаност на таткото Александар. Посочуваат дека тој ги известил грабнувачите кога неговата ќерка ќе оди на училиште и што ќе носи.

  • Кога се во седиштето на партијата, Александар им праќа порака на нивните деца како да се облечат за утрешниот ден. Овој сплет на околности не може да остане енигма.. Неговото однесување наредниот ден кога повторувал дека детето е грабнато и убиено, по што се упатува накај Качанички пат, според наводно по некое филмско сценарио по патеката на која што е однесена Вања во гепек и потоа бара да се провери и кола на некој од Велес“, рече обвинителот Дарко Јакимовски.

Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека нема ниту еден доказ за негова комуникација со Палевски, што се потврди на рочиштата.  

Реклама
  • „Од оваа позиција во која се наоѓам како заложник немам што дa додадам “ – по што ја напушти судницата.

Од друга страна, Палевски заедно со бранителот тврдат дека имало суштествени повреди на судската постапка, и бараат Апелација да донесе одлука без притисок од јавноста.

  • „Има преку педесетина суштествени повреди во постапката што се направени. Ги имаме сите наведени во жалбата така што една да прифати судот трба пресудата да е укината“, изјави Јовица Страшевски, адвокат на Палевски.

Одбраната на Боре Видевски се жали дека судот не ги прифатил доказите што ги презентирале, кои ја потврдувале неговата невиност.

  • „Ние мораме целосно да ја утврдиме фактичката состојба, односно да ги изведиме тие докази. Без изведување на тие докази нема ништо да направиме и затоа сметам дека овој Судечкји совет има доблест да ја укине првостепената пресуда и предметот да го врати назад“, рече Бојан Манев, адвокат на Видевски

Кривичниот суд на 25 јуни 2025 година ги осуди Палевски, Манев, Видевски и Кешишев на доживотен затвор, а Ѓорчевски беше ослободен поради недостиг на докази.