Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Гаши со парламентарна делегација во посета на Берн на работни сесии посветени на Етичкиот кодекс на пратениците

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ќе оствари работна посета на Берн, Швајцарија.

За време на посетата, делегацијата ќе одржи билатерални средби со претседател на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација, Пјер Андре Паж, со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), како и работни сесии посветени на парламентарната етика и Етичкиот кодекс за пратениците.

Посетата се реализира со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и меѓународниот партнер НДИ, во рамки на соработката за унапредување на интегритетот и парламентарните стандарди.