Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Филипче дрзок по заканите со кривична за ТВ Алфа: „Ќе ви кажат правниците“

По два дена закани од СДСМ кон ТВ Алфа за кривична пријава,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По два дена закани од СДСМ кон ТВ Алфа за кривична пријава, за објавувањето на златната виза на Венко Филипче, лидерот на СДСМ денеска воопшто не сакаше да зборува на оваа тема. На конкретно поставено прашање- зошто кривична кога станува збор за информација од јавен интерес, кратко кажа- ќе ни кажеле правниците.

Откако беа објавени документите кои ги добивме од свиркачи и се од висок јавен интерес, индиректно признавајки ја нивната автентичност, пред два дена од партиската говорница најавија дека ќе поднесат кривична за Алфа во рок од 24 часа. Но, од нејасни причини тоа се уште го немаат направено. Го прашавме и Филипче лично- кога ќе ја поднесат, но и за тоа ќе ни кажеле правниците.

-(Доколку е оригинал по кој основ ќе поднесете кривична пријава, кога станува збор за јавен интерес, а вие сте лидер на политичка партија и поранешен министер?) Ќе ви кажат правниците тоа. (Кога ќе ја поднесете?) Ќе ви кажат правниците, вртејќи со главата кажа Венко Филипче.

Реклама

А наместо објаснување како преку самофинансирање дошол до визата, за да биде извршен директор во Дубаи, Филипче денеска реши повторно да се заканува и да етикетира медиуми, кои според неговата оценка ширеле лажни вести и со кои тие кога ќе дојделе на власт ќе расчистеле

-И сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, идентификување на лажни внатрешни предавници и надворешни нерпијатели и сето тоа користејќи ја орбановата мрежа на медиуми, тука кај нас која гледаме постепено во Унгарија почнува да се распаѓа. Ќе се расчисти со системот на лажни вести, изјави Филипче.

Инаку на темата виза, Филипче уште лани се демантираше самиот себе. Прво немал, па имал зошто бил доктор, за после да биде објавено дека била за да биде извршен директор во Дубаи. На 25-ти април 2025-та прво немаше. За само две недели подоцна да каже дека имал, но ја добил бидејќи бил стручен како доктор и неврохирург, па преговарал за работа во болница во Дубаи, а не за да биде извршен директор, како што е наведено во документите.

Матеја Петровски