Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Сулејмани: „Вреди“ утре станува партија со приоритет еднаквоста на Албанците и правната држава

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани.

Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се стави над теснопартиските приоритети. Нивната политичка платформа, рече, се базира на десноцентристичка ориентација со фокус на реална еднаквост на Албанците во институциите, правна држава, бескомпромисна борба против корупцијата и суштинско спроведување на Охридскиот рамковен договор.

– Утре, 9 мај, не е обичен ден за политичката сцена на Албанците во Македонија. Утре е моментот кога една идеја, која беше доведена во прашање, еден пат кој беше оспоруван и едно обединување кое беше поттикнувано од многумина, добива своја целосна форма и станува политичка реалност. „Вреди“, од соработката меѓу пет политички субјекти, се трансформира во единствено политичко тело – порача Сулејмани.

Реклама

Според него, утрешното обединување на Денот на Европа носи и посебна симболика за европска, правична и еднаква држава, најавувајќи политика во служба на граѓанинот, која, како што рече, ќе се мери преку конкретни резултати во економијата, поддршката за претприемачите и младите, како и преку квалитетно образование на албански јазик.

– Веруваме дека Албанците во Македонија не бараат привилегии, туку еднаквост. Не бараат реторика, туку можности. Не бараат милост, туку правда и интегритет. Затоа, нашата филозофија е јасна. Десноцентристичка ориентација по вредности, модерна по пристап и решителна во заштитата на граѓанскиот интерес – истакна Сулејмани.

На утрешниот настан, додаде, поканети се претставници на домашната и меѓународната јавност, како и дипломатскиот кор во земјава.

– Утре, над 805 делегати ќе го запечатат овој процес. И пораката е јасна. „Вреди“ повеќе не е само коалиција, „Вреди“ е едно. Пративме покани до сите политички партии, освен Левица и исто така пративме покани и до политички партии надвор од земјава, организации кои функционираат во нашата земја и до амбасадите кои што се наши заеднички пријатели – додаде Сулејмани.