Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Од понеделник горивата повторно ќе поевтинат? Владата очекува пад на цените

Позитивни очекувања за поевтинување на горивата од понеделник. Премиерот Мицкоски е оптимист…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Позитивни очекувања за поевтинување на горивата од понеделник. Премиерот Мицкоски е оптимист дека од следниот вторник цените на нафтените деривати ќе одат надолу. Тоа го покажувале промените на цената на нафтата на светските берзи во последната недела. Тој вели дека повеќе информации ќе има по завршувањето на тргувањето оваа недела. Ако во понеделникот цената на нафтата од типот бренд се продаваше 108 долари за барел во моментов таа се продава за нешто над 100 долари по барел.

„Денеска на крај на ден ќе имаме повеќе информации, јас очекувам според ова што гледам последниве два до три дена, во понеделник да имаме поефтинување“– вели претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека ќе се преговара со снабдувачот ОКТА за продолжување на попустот ако за тоа има потреба. Сегашниот договор предвидува попуст од 2 денари за бензините односно 3 денари за дизелот заклучно со 18ти мај. Во врска со информациите за реекспорт на нафтени деривати надвор од Македонија по ниски цени поради мерките и попустот на ОКТА надлежните сеуште вршат проверки.

Реклама

„Ние како што знаете сме трети според мерките, нашите мерки моментално се до 18ти мај, што значи дека следната недела ќе видиме што ќе се случува со цените, со берзата, со војната и неколку дена пред истекот на овој рок ќе видиме до каде сме со цените и секако дека ако е потребно ние ќе преговараме и правиме се за интерес на нашите граѓани.“– вели министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Македонија се најде на третото место според Меѓународниот Монетарен Фонд според обемот на превземените мерки за помош на граѓаните и стопанството. Тие придонесоа и два ипол месеци по стартот на кризата на Блискиот исток, Македонија да има најефтини горива во регионот. Во Македонија бензините се продаваат за 1,37 евра по литар, а дизелот за 1,5 евра за литар. Бензините во Босна  и Херцеговина се нешто поскапи од нашите, додека дизелот се продава за 0,3 евра поскапо. Убедливо најскапи нафтени деривати имаат Албанија  и Грција каде што цените на горивата надминуваат 2 евра по литар.