Бугарија и официјално ќе има нова, стабилна Влада во следниот период, но за Македонија ситуацијата ќе остане непроменета, смета поранешниот Амбасадор Љупчо Арсовски. Според него, стабилна Влада им беше потребна на Бугарите, бидејќи имаа застој во низа проекти со Европската Унија и проблеми со корупцијата, но од новиот политички естаблишмент кај источниот сосед Македонија нема што многу да очекува.
„За жал, мора да бидеме отворени. Нас ни се познати ставовите на сега актуелниот Премиер, познати се неговите изјави и изјавите на еден куп премиери и министри за надворешни работи во изминатиот период, ништо тука не е променето. Они се закопани во таа нивна превелнтна идеја која е повеќе романтизам од старите времиња кога се расчистувале некои војни па им било ветено тоа што им било ветено и тие мислат дека тоа ќе го исполнат сега на еден поинаков начин.
Според Арсовски, Македонија се уште е млада демократија. И во една вкава ситуација многу е важно да разбере дека за решавање на вакви прашања потребно е единствен државнички став на власта и опозицијата, а не разединети позиции и ставови.

„Јас секогаш тврдев дека кај нас лежи решението или обид за едно фино решение, а тоа е да бидеме сплотени сите заедно, еднакво да мислиме во идното решение со соседната земја“.
Арсовски додаде и дека, силната дипломатија ги бара слабите страни кај соседите или противниците, за да успее да победи во ваквите спорови. За жал, ние низа години наназад сме многу млаки и премногу наивни, а тоа Бугарија го искористила.
„ и досега благодарение на нашата добра волја за многу работи да попупштуиме, тие навлегоа со свои асоцијации со разно разни настапи и со иницирање на кавги, ако сакате тепачки и сето тоа и нивни интервенции каде што секогаш добиваа повеќе поени. Ние добиваме поени дека бевме добронамерни дека тоа го бараме истото и од Бугарија. И тоа секогаш го кажувамне, меѓутоа не добивме толку колку што ние вложивме во овие односи со Бугарија од позитивен аспект.
Арсовски смета дека Македонија не смее да се откажува од водење политика на добрососедски односи и не треба да се откажува од членството во ЕУ. Но, мора да се најде начин за градење единствен став и политки кои ќе ги штитат националните интереси.
