Реклама

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Прилози

Познавачите во дилема: Филипче или нема познавања и не прочитал историја или само одработува за својот ментор Заев

Или нема општи познавања од историјата и сегашноста или одработува за Зоран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Или нема општи познавања од историјата и сегашноста или одработува за Зоран Заев -тоа што Венко Филипче не слушнал дека Бугарија го негира македонскиот идентитет, само покажува дека неговата единствена цел на чело на СДСМ, е под диктат на неговиот политички ментор да ги брани неговите капитулации и предавства, сметаат познавачите. Универзитетската професорка Катерина Тодороска се прашува дали тој воопшто учел историја.

-Секој од нас знае колку сме негирани во текот на историјата и колку денеска е се тоа агресивно, така што јас како историчар знам колку пати и во колку наврати, ние сме биле максимално негирани од страна на Бугарија, меѓутоа она што е прашањето е дали господинот Филипче прочитал историја, вели Тодороска.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа вели дека е несфатливо на некого што и најмалку има историски познавања, да му е најасно дека повеќе од 150 години бугарската страна не прифаќа Македонци, негираат дека пред 1944-та година постоеле македонска нација и јазик, и не признаваат речиси ништо од нашата историја. 

Реклама

-Филипче е донесен од страна на неговиот претходник, со единствена задача, а врз таа основа тој ги одбрал и своите соработници, да не дозволат да предавствата кои тие ги направија во Нивици, во договорот за непријателство со Бугарија, со двата катастрофални протоколи, со Тиранската платформа да не дојдат до израз зошто тие треба да завршат во затвор, изјави Никовски.

Никовски вели дека со својата политичка позиција и ваквите зборови, Филипче прави сериозна штета на на меѓународните позиции на државата и треба да си поднесе оставка.

-После една ваква изјава, после една ваква безмислица кажана во јавноста човекот нема маневарски простор, ако има било какво достоинство уште еден ден да остане на лидерската позиција, туку мора да поднесе и тоа во има на интересира на државата, не на партијата и лични, да поднесе оставка, изјави Никовски.

Под палката на СДСМ во партнерство со ДУИ, Зоран Заев, а потоа и Димитар Ковачевски, прифатија се што Бугарија побара. Прво беше потпишан Договорот за добрососедство, потоа го прифатија и францускиот предлог, со кој се согласија на уставните измени, како и билатералните протоколи, со кои се негира македонскиот идентитет, како и многу други отстапки кон  официјална Софија, кои станаа услов на европскиот пат на Македонија. Филипче сега вели дека требало да се прифати Резолуцијата која ја предлага неговата партија, а која предвидува уставни измени да се направат веднаш.

Матеја Петровски