Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе ја покрие цела Македонија

„Сејф сити“ ќе се става во функција град по град веднаш штом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Сејф сити“ ќе се става во функција град по град веднаш штом ќе бидат поставени камерите. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека статистиките покажуваат заштитени човечки животи откако се воведе„Сејф сити“, а и граѓаните го подджуваат. Камери веќе има имплементирано во Велес, сега се работи во Охрид и Струга каде до летната сезона треба да бидат поставени камерите.

До крајот на годината целата тероторија на државата ќе биде покриена со безбедносниот систем.

  • „Секој еден македонски граѓанин заслужува да живее во рамки на една побезбедна средина. Овој систем веќе се докажа дека влијае од аспект на безбедноста. Како на микро средина се исполнуваат техничките услови, така ќе ги пуштаме во функција, нема да чекаме секаде да го поставиме системот, па го пуштиме во секој еден град заедно“, појасни Тошковски.

Фашинг напади имало и ќе има, вели Тошковски, но апелира граѓаните да бидат внимателни особено со злоупотребите за казни од „Сејф сити“ кои зачестија изминатиот период. Лажните пораки секогаш стигнуваат од странски броеви, имаат чудна и нелогична содржина, бидејќи системот од домашни напади е заштитен.

Реклама
  • „Дали добиваме навремено известување од граѓаните, да добиваме, дали веднаш комуницираме со граѓаните дека постојат фишинг напади, да. Граѓаните треба да бидат внимателни во делот на тоа, од кого ја добиваат пораката, тоа се секогаш пораки кои ги добиваат од чудни броеви, со чудна адреса, имаат чудни информации во рамки на самите пораки не се добиени од точната страна на МВР “ рече Тошковски.

Досегашните статистики бележат речиси двојно намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи. Ако лани во првиот квартал 47 луѓе загинале на македонските улици, годинава се 26. Во главниот град во месец април има нула жртви од сообраќајки, што значи целосен е ефекот од системот „Безбеден град“ за заштитата на човечките животи.