Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Ивановски: Оваа Влада е прва која железницата ја стави во планот за финансирање и развој, продолжуваме со градба и реконструкција на инфраструктурата

Синиша Ивановски директор на ЈП Железници инфраструктура, на гостување во една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синиша Ивановски директор на ЈП Железници инфраструктура, на гостување во една од телевизиите зборуваше за инвестицискиот пакет од Владата во вредност од 3,3 милијарди евра и формираното координативно тело, Комитет за јавни инвестиции кое ќе ја следи реализацијата на капиталните инвестиции, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со овие пари ќе бидат опфатени најголем дел од автопатите, проектот за Коридор 8, 10 и 10Д-Бехтел и Енка, за подобрување на железничката инфраструктура, тука спаѓа и градбата на брзата пруга Скопје према Белград на север и Атина-Солун на југ, тука спаѓа градскиот воз, тука почнува веќе да созрева проектот од Скопје према Кичево железничката пруга, комплетно целосна реконструкција и електрификација и веќе во догледно време почнуваме да се фокусираме на изработка на студиите и на сите оние почетни фази за градбата на пругата којашто е непостоечка во моментов од Кичево према Струга, потоа Струга према Албанија и се врзуваме тука со целиот Коридор 8- рече Ивановски и додаде:

-Која е предноста наша, Коридорот 10 е доста пократок поради тоа што превозниците им се наплаќа за користење на инфраструктурата, Македонија околу 215 километри додека преку Бугарија треба дупло да отидат, и тоа ги чини нив дупло пари, и тоа е предноста наша дека најевтиниот пат а и најбрзиот е преку Коридорот 10, Македонија-Србија-Унгарија, да стигаат самите пристаништа грчки коишто последниве години имаат се поголем раст на волумен на пренесена стока.

Реклама

Ивановски истакна дека 7 години за време на владеењето на претходната власт не се купило ниту еден воз, локомотива за разлика од сега кога оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дава исклучителна поддршка во планот за финансирање и во планот за развој.

-Откако 7 години не се купи ниеден воз, ниту една локомотива и дојде до колапс, кога се укина возот до Кичево, до Куманово, до Кочани. Во моментов преку 20 милиони евра се преговараат за набавка на нови возови локомотиви и во моментов МЖ транспорт нема никаков проблем за сервисирање на товарниот сообраќај којшто ни доаѓа од север и од југ. Ова е прва Влада којашто Железница ја стави на медиумскиот простор, во планот за финансирање и во планот за развој, продолживме секаде каде што е застанато со градбата на Коридор 8 и притоа почнавме и нови проекти коишто сега ги тендерираме према Бугарија- пругата и почнуваме према Кичево да ја реконструираме целата пруга- рече Ивановски.