Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Ниту еден загинат на скопските улици во април, „Сејф сити“ дава резултати

Нула жртви во април во главниот град. Со оглед дека лани имало…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нула жртви во април во главниот град. Со оглед дека лани имало 8 луѓе кои го загубиле животот на скопските улици, целосен е ефекот од системот „Безбеден град“ за заштитата на човечките животи. Намалување бележи и бројот на жртви од сообраќајни незгоди од речиси 50 проценти во првиот квартал на територија на цела држава.

Во првиот квартал од годинава пак, 26 луѓе го загубиле животот, а истиот период минатата година имало 47 жртви на територија на Македонија. Ако се земат првите три месеци кога стартуваше „Безбеден град“, бројот на загианти лица изнесува 38 минатата година споределно со оваа 17 лица оваа година – рече Маја Арсовска Манов – Началник на Сектор за сообраќајни работи.

Значително е намелен и бројот на приговори до Кривичниот суд. Од таму велат дека во април неколку пати помалку граѓани,  поднеле приговор дека не го направиле прекшок кој го регистрирале камерите.

Реклама
  • „Во месец април 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 6 се приговори од правни лица и 32 се приговори од физички лица. Со почит, Основен кривичен суд Скопје“ соопштија од Кривичен суд Скопје.

За директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, статистиката од судот е показател дека граѓаните се свесни кога ќе направат прекршок. Според него значително е намалувањето и на сообраќајки со тешки телесни повреди и голема материјална штета.

  • „Во првиот квардат годинава споредено со лани, значително е намален бројот на жртви на територија на цела држава, што значи дека овој проект е успешен. Успешен е и кога ќе спасиме барем еден живот.  Во однос на приговорите до Кривичен, тоа значи дека системот е кридибилен, тоа значи дека ние сме свесни за нашите прекршоци и навистина знаеме да се однесуваме европски, иако сме дел од Македонија и Балканот. Меѓутоа верувајте, дека сето ова што го правиме и како МВР и како Влада не го правиме за нас, туку за сите граѓани“ рече директорот на БЈБ, Јанев.

Деновиве до граѓаните се почесто стигнуваат и лажни пораки преку странски броеви за наводно регистриран сообраќаен прекшок и се бара наплата од 1500 денари од палтежна картичка. Од МВР апелираат граѓаните да бидат претпазливи и да не споделуваат свои лични податоци.

  • „Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи…“ апелираат од МВР.

Инаку, безбедносниот систем се имплементира во Велес, а потоа ќе се поставуваат камери во Охрид и Струга, а до крајот на годината ќе бидат опфатени и другите поголеми градови. Досега камери регистрираат прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово, и коридорите 8 и 10Д, а според најавите „Сејф сити“ ќе се стави во функција на цела територија на државата до крајот на годината.