Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Здравковска: Пржино заврши, понижување е дека Македонците се понеспособни од Естонците – треба систем, а не функции

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја зацврстува својата позиција за итна модернизација на изборниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја зацврстува својата позиција за итна модернизација на изборниот процес. Потребна е вистинска дебата со реални решенија од 21-от век. Виолета Здравковска, со своето долгогодишно искуство со телекомуникациите и дигитализацијата, упати јасна поддршка на тезата на претседателката Моника Зајкова – дека времето на технички влади и партиско манипулирање со изборниот процес е поминато, а иднината е во електронското гласање, се вели во соопштението од ЛДП.

Здравковска, која доаѓа од реалниот сектор на дигитални технологии и е член на ИО на ЛДП, нагласува дека како држава веќе немаме изговори за одложување на овој процес. Според неа, овонеделната дебата за „Пржинска влада“ е изместена и неповрзана со реалните проблеми и можности кои ги нуди 21-от век.

„Како човек кој секојдневно работи со користење на најсовремени технолошки системи, тврдам дека е крајно понижувачки за нашите граѓани да се убедуваат дека сме понеспособни од Естонците. Естонија е земја-близнак на Македонија по големина и тие гласаат електронски веќе две децении. Ако нашиот граѓанин може дигитално да функционира во Германија или Белгија, зошто некој го потценува дека не може тоа да го прави дома?“, прашува Здравковска.

Реклама

Таа ја потврди пораката на Зајкова дека ЛДП не е заинтересирана за министерски лимузини и нови кабинети кои само го цедат буџетот, туку за воспоставување на систем кој е отпорен на малверзации. Здравковска истакнува дека технологијата е единствениот механизам кој нема партиска книшка и кој не може да биде уценет.

„Пржино како поглавје е затворено. Стравот од манипулација не. Неверојатно е дека единствено ЛДП понуди решение со електронско гласање. Ние имаме знаење, имаме поддршка од ЕУ и имаме биометриска идентификација како прв чекор. Единствено што фали е политичка волја кај големите партии да го тргнат фокусот од парадирањето и да воведат ефикасен систем“, децидна е Здравковска.

ЛДП јасно порачува дека ќе продолжи заедно со граѓаните да инсистира наместо трошење милиони за функции во држава која едвај го преживува секој инфлаторен шок, тие пари и енергија да се насочат кон електронско гласање – решение кое е модерно, европско и пред сè, достоинствено за македонскиот граѓанин.