Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Алиу: Околу 74 милиони евра за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно реконструирана, модернизирана и функционално реорганизирана преку стратешки проект вреден 4,56 милијарди денари – односно околу 74 милиони евра, пишува во изјавата на министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение од Министерството за здравство.

Според министерот, станува збор за проект што треба трајно да го промени начинот на обезбедување здравствени услуги во Полошкиот регион.

Министерот посочува дека проектот ќе се реализира според најдобрите меѓународни практики, преку комбинирање на државни средства и финансии од меѓународни финансиски институции, структурирани на одржлив и долгорочен начин.

Реклама

Со проектот е предвидена целосна реконструкција и модернизација на постојните објекти, набавка на современа медицинска технологија и опрема, како и функционално поврзување на болничките објекти со топли коридори, со цел побезбедно и поефикасно движење на пациентите и здравствениот персонал. Дополнително, најавено е да се изградат и две нови современи згради.

– Од раздвоени и амортизирани објекти одиме кон интегриран, функционален систем подготвен за иднината. Од систем што доцни, кон систем што реагира навреме – нагласува Алиу.

Според него, оваа инвестиција ќе создаде нова регионална здравствена установа каде граѓаните од Полошкиот регион ќе можат да добијат квалитетна здравствена услуга навремено и поблиску до местото на живеење.

Алиу потенцира дека проектот има и значајна развојна и образовна димензија. Во соработка со Универзитетот во Тетово, како што се појаснува, професорите и студентите по медицина за првпат ќе добијат модерни и достоинствени услови за работа, практична обука и подготовка според стандардите на современото здравство.

– Овие проекти се витални за здравствениот систем и ние што ги реализираме, со право ќе се гордееме со нив цел живот. Затоа што не градиме само ѕидови. Градиме стандарди. Градиме достоинство. Градиме иднина за здравството во нашата земја – додава Алиу.