Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Дурмиши: Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија

Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, честитајќи го Меѓународниот ден на трудот.

– Среќен 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. На овој значаен ден, изразуваме длабока почит и благодарност до сите работници, кои со својата посветеност и труд, секојдневно придонесуваат за економскиот и општествениот развој на нашата држава. Во изминатиот период, преку социјален дијалог и колективни договори, постигнавме зголемување на платите во повеќе клучни сектори, со што се подобрува животниот стандард на илјадници работници. Истовремено, ги интензивиравме инспекциските контроли со цел доследно почитување на работничките права и намалување на неформалната економија – напиша Дурмиши на неговата Фејсбук-страница.

Преку Оперативниот план за вработување и активните мерки на пазарот на труд, како што истакна министерот во објавата, биле создадени нови можности за вработување, особено за младите и ранливите категории.

Реклама

– Нашата заложба останува цврста да изградиме поправеден, поинклузивен пазар на труд и да обезбедиме достоинствени услови за работа за секој работник – потенцираше министерот.