Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Јаневска: Ќе продолжиме со политики за зголемување на мотивацијата и подобрување на статусот на вработените во образовните и научните установи

Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот. По повод денешниот празник,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честит 1 Мај – Меѓународен ден на трудот. По повод денешниот празник, упатувам искрени честитки до сите работници кои со своето знаење, вештини и посветеност, одговорно придонесуваат за функционирањето на нашето општество и за неговиот континуиран развој, напиша министерката за образование и наука Весна Јаневска на нејзината Фејсбук-страница.

– Како министерка задолжена за ресорот образование и наука, уверувам дека институцијата која ја раководам ќе продолжи посветено да креира и спроведува политики насочени кон зголемување на мотивацијата и подобрување на статусот на вработените во образовните и научните установи – се наведува во објавата.

Министерката додава дека во изминатиот период, платите во училиштата се зголемени за над 20 проценти, а на универзитетите за над 14 отсто.

Реклама

– Паралелно, инвестираме во инфраструктурата со цел создавање поквалитетни услови за работа, градиме систем кој овозможува сигурен кариерен и професионален развој и носиме решенија преку инклузивен процес во кој секое мислење и придонес имаат своја вредност – додава Јаневска.

Таа порачува да се продолжи со меѓусебната поддршка и заеднички да се залага за подобро утре.

– Заедно да ја градиме Македонија како земја со повисок животен стандард, со можности за личен просперитет на секој граѓанин, и како праведно општество со еднакви можности за сите – додава Јаневска.