Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Сиљановска-Давкова: Да градиме општество во кое трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат

По повод Меѓународен ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународен ден на трудот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати порака до граѓаните, истакнувајќи ја важноста на работничките права и социјалната правда.

– Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат, напиша во порака претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Како што посочи претседателката, и годинава, Први мај не потсетува на долгата, тешка, праведна и достоинствена борба на работниците за признавање на трудот како извор и творец на вредности.

Реклама

-Денешниов празник е доказ дека решителниот работнички бунт за осумчасовно работно време, кренат во Чикаго од над 10 000 работници во 1886 година, и по повеќе од еден век, сè уште ги инспирира и повикува на единство и солидарност работниците во борбата за нивните права, работодавачите на преиспитување на односот кон нив, а носителите на власта, на промисла на економската и социјална политика, низ призма на демократијата.

Одбележувањето на Денот на трудот во над 160 држави е вистински момент за соочување со сè уште актуелните прашања: дали ги почитуваме општо прифатените норми на меѓународното трудово право?; дали сме само уставно, или и во стварноста социјална држава?; дали социјалната правда е идеал или реалност?; дали работничкиот труд е соодветно вреднуван, односно дали работниците се правично наградени за работата и можат да напредуваат согласно знаењето и вложениот труд?;  дали се безбедни и сигурни на работното место?; дали и зошто има случаи на присилна работа?; дали секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место?; дали секој вработен има право на платен дневен и неделен и годишен одмор?; каков е односот на колективните партнери кон колективните договори и правото на штрајк?, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека од одговорите на гореспоменатите прашања зависи уживањето на економските и социјални правa од страна на работниците, коишто пак, го детерминираат обемот и квалитетот на нивните културни права.

Сиљановска-Давкова потенцираше дека не смееме да заборавиме дека синдикалното организирање, правото на протест и социјалниот дијалог се предуслови за рамнотежа меѓу економските интереси и социјалната правда.

-Како претседателка на сите граѓани, потсетувам дека имаме обврска да градиме општество во коешто трудот се цени и вреднува, а социјално-економските права се остваруваат! Да се однесуваме кон работниците како кон вреден социјален капитал, ако сакаме да ги задржиме тука, или да ги вратиме дома. Да сфатиме дека само задоволни работници може да бидат вредни и продуктивни, порача Сиљановска-Давкова, честитајќи го 1 Мај на сите граѓани.