Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Прилози

Докторот Венко контра извршниот директор Филипче: Имал, па немал златна виза, па фејк њуз било дека има, па Алфа била крива што има

Немал, па имал, па „фејк њуз“ било дека има, па ТВ Алфа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Немал, па имал, па „фејк њуз“ било дека има, па ТВ Алфа преку приватни служби била крива што ја објави златната виза, која лидерот на СДСМ ја има. Докторот Венко еднаш вели едно, и директно се контрира со извршниот директор во Дубаи, Филипче. Тој прво се обиде да демантира дека има каква било виза, па после се објаснуваше зошто ја имал и зошто била златна. Лани на 25-ти април немаше.

-Немам виза која што е поврзана со инвестиции, немам виза која што е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки, немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, изјави Филипче на 25-ти април 2025-та.

Замо две недели подоцна да каже дека имал, но ја добил бидејќи бил стручен како доктор и неврохирург, па преговарал за работа во болница во Дубаи. 

Реклама

-Пред периодот да се кандидирам за претседател на партијата, односно претходно пратеник, бев во преговори со една болница во Дубаи, за работа таму. И добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите и да тој процес сега практично е ставен на стенд бај, изјави Филипче на 9-ти мај 2025-та.

Филипче неколку пати кажуваше дека визата не ја добил бидејќи бил полн со пари. Иако на самата 10 годишна виза пишува дека е добиена преку самоспонзорирање, а таква добиваат главно инвеститори кои треба да покажат минимум половина милион евра на сметка, но може да ја добијат и луѓе со посебен талент или ретка специјализција.

-Визата за Дубаи е практично една страшна ПР пропаганда на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев обвинуван пред се дека таа виза сум ја добил благодарение на некои инвестиции, на парични средства, инвестиција во зграда, повеќекатница, стокатница, како кажуваа од говорницата партиска на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Филипче на 26-ти мај 2025-та.

Потоа во стил на жртва, Филипче се обидуваше да се брани дека златната виза се користела за црна пропаганда против него, обидувајќи се да демантира нешто што самиот претходно потврди.

-Гледајте што ми прават секој ден, ме масакрираат медиумски секојдневно. Ме споредуваат со убиец на деца, дека сум бил наркоман, ме лепат на некои слики со златни визи во Дубаи,така ли изгледа договор? Нема апсолутно никаков договор, изјави Филипче на 17-ти март годинава.

Само неколку часа пред да биде објавена златната виза, лидерот на СДСМ повторно воинствено се нафрли врз ТВ Алфа. Прашан во врска со неа, не објасни ништо туку само нервозно обвини дека сме му ја дефокусирале тематската прес конференција.

-Доста со дефокус прашања, каков е тој дефокус, златна виза, каква врска има тоа со контекстот тука. Претстанете со тоа, престанете со тие лажни вести, престанете со тие кампањи, луѓето имаат реални проблеми овде, какви се тие златни визи, Дубаи, згради, Харис Џиновиќ, престанете со таа кампања, нека не ви нарачуваат такви прашања, изјави Филипче завчера.

Откако беше објавена златната виза, Венко Филипче веќе два дена го нема во јавноста, иако претходно секојдневно имаше прес конференции. Наместо одговор или демант, неговата партија во свој параноичен стил одговори дека ова било дело на израелска разузнавачка приватна компанија.

-Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена „ексклузивна“ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад“, изјави вчера портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според златната виза, Филипче е извршен директор на странска компанија, која само е регистрирана во Дубаи, која не плаќа данок, може слободно да си го собира профитот, а може да работи само во рамките на индустриската зона, или надвор од границите на Обединетите Арапски Емирати. Има странски сопственици и акционери. Називот „Неуро„ во лиценцата може да значи дека се занимава со технолошка опрема, која може да е и медицинска. Дали е еден од сопствениците на фирмата, нема податоци. На неа не стои дека ја добил како истакнат доктор или медицински специјалист, туку како извршен директор.

Матеја Петровски