Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

ДКСК го објави каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, најмногу пријавени украси, сувенири и скулптури

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави Каталогот на подароци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор.

Каталогот овозможува јавен увид во податоците за пријавените подароци и придонесува кон поголема отвореност на институциите, како и кон зајакнување на довербата на јавноста во нивното работење.

-Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на интереси и за зајакнување на етичкото постапување на носителите на јавни функции – се вели во соопштението од ДКСК.

Реклама

Антикорупционерите укажуваат дека навременото и целосно пријавување на подароци од страна на службените лица е важен показател за нивниот интегритет и одговорност, како и за доследна примена на законската рамка.

Во делот на поднесоци за подароци од јавни лица има вкупно 55 ставки, од кои најмногу пријавил Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Претседателот на Собранието Африм Гаши. 

Ацевски пријавил најмногу сувенири – рамка со народна носија, украсна паричка, украсен брод, керамички сувенир, декоративна стаклена вазна…  

Гаши го пријавил како подарок објектот Совет Шура, потоа златен меч во рамка, бисер поставен во златна школка, рачно цртана порцеланска вазна, скулптура „глава на коњ“, златна и сребрена монета… 

Во делот на поднесоци за подароци од вработени има пријавено 12 ставки. Раководител на сектор во Дирекција за технолошки индустриски развојни зони пријавил подарок вино KARTAL VRANEC 0,75 l, тефтер и подлога за мауспад со лого на дарителот, додека советник во Државно правобранителство на Македонија пријавил подарок книга во вредност од 300 денари. 

Државен архив на Македонија пријавил подарок три клима уреди во вредност од 68 илјади денари, додека од Национална установа –Центар за култура „Браќа Миладиновци„-Струга пријавил подарок украсен предмет – акрил на дрво во вредност од 9 000 денари. 

Каталогот е јавно достапен на следниот линк: https://podaroci.dksk.mk/gift-submission/public-figures?page=0&rowsPerPage=5