Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ и Филипче пукнаа како меур од сапуница, јавно потврден напредокот на Македонија и ИПАРД ставен на располагање на земјоделците

Лагите на СДСМ и Венко Филипче како меур од сапуница се распрснуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лагите на СДСМ и Венко Филипче како меур од сапуница се распрснуваат секој ден. Нема ден да измислат лага, а за истата експресно да бидат демантирани од релевантни институции. Така и овој пат, лажејќи за напредокот на Македонија, како и за ИПАРД програмата, Филипче и СДСМ повторно се демантирани и целосно разобличени. Овој пат двојната шлаканица дојде од Брисел и од европратеникот и известувач на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Брисел испрати известување дека средствата од ИПАРД програмата повторно се на располагање на македонските земјоделци, додека Вајц јасно посочи дека државата напредува во спроведувањето реформите.

Европратеникот Вајц се јави со јасен демант дека изјавата, која ја користи центарот за лаги и манипулации на СДСМ и Филипче, е стара неколку месеци и дека Македонија апсолутно има напредок во делот со Реформската агенда.

Реклама

СДСМ и Филипче, исто така, лажеа и ширеа паника кај земјоделците дека средствата од програмата се блокирани и дека европските пари паѓаат во вода, додека нивниот поранешен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, секојдневно ликуваше и се радуваше. Тврдеше дека средствата биле одземени, дека земјоделците биле оставени на цедило и дека земјоделците никогаш нема да добијат европски пари.

Но, заборавиле дека ова не е време на СДСМ кога земјоделците беа оставани на цедило, сами да се снаоѓаат како знаат и умеат, туку дека сега на власт е ВМРО-ДПМНЕ, а земјоделците имаат партнер со кој заеднички ги решаваат проблемите.

Така, веднаш по настанувањето на случајот со платежната агенција, Владата ги презема сите потребни мерки. Првично, ги стопира процесите во агенцијата, потоа го извести Брисел и побара вонредна и темелна контрола, по што за кратко време стигна и извештајот во кој се потврдува дека нема злоупотреби на системот и дека постапките биле согласно закон.

За ситни политички поени и опстанок на политичката сцена, Филипче и СДСМ го лажеа и манипулираа народот и земјоделците, но со ваквиот однос и политики, за кои постојано се демантирани, станува се помалку релевантна и партија без никаков кредибилитет.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува и понатаму посветено да работи во интерес на државата и граѓаните, унапредувајќи го евроинтегративниот процес, наспроти блокадите на СДСМ и напуштањето на работните групи за законските решенија од Реформската агенда.