Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Муцунски во работна посета на Хрватска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб, во рамки на која е предвидена средба со неговиот хрватски хомолог.

На средбата, информираат од МНРиНТ, двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во двете држави, билатералните односи и секторската соработка, како и за иницијативите за нивно натамошно унапредување во сите сфери од заемен интерес. Посебен акцент ќе биде ставен на претстојното потпишување на Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, како и на економската соработка и начините за нејзино продлабочување, и проширувањето на соработката во областа на енергетиката, здравството, културата и туризмот.

Во фокусот на разговорите ќе биде и прашањето за напредокот на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и перспективите за негово динамизирање, како и подготвеноста за користење на хрватското искуство на патот кон полноправното членство во Европската Унија.

Реклама

Министрите ќе разменат мислења и за сојузничката соработка во рамки на НАТО, како и за релевантните глобални теми, регионалните случувања и нивните импликации врз севкупните состојби во регионот на Западен Балкан.

Во рамки на работната посета на Загреб, министерот Муцунски ќе учествува на IDU Forum организиран од страна на Интернационалната демократска унија (International Democracy Union – IDU), каде ќе говори на тема „Заборавената граница: Западен Балкан и незавршеното ветување на Европа“.