Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Андоновски: Потребен е модел за забрана или ограничување на користење телефони за време на наставата, како и видео надзор во училиштата според европските искуства

Безбедноста на децата во дигиталниот простор е прашање што бара јасен, системски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Безбедноста на децата во дигиталниот простор е прашање што бара јасен, системски и одговорен пристап. Затоа предлагам да разгледаме модел кој ќе опфати забрана или строго ограничување на користење телефони за време на наставата, јасни исклучоци за образовни цели и унифицирани правила за сите училишта, како и видео надзор во училиштата според европски искуства, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

На денешната јавна расправа на тема „Влијанието на употребата на социјалните мрежи врз младите и нивното ментално здравје“ што се одржа во македонското Собрание, министерот Андоновски нагласи дека во изминатиот период се евидентирани сериозни инциденти поврзани со социјалните мрежи и нивното влијание врз малолетниците и затоа потребни се конкретни мерки.

-Искуството покажува дека едукацијата мора да се надополни со јасни правила во училиштата и со ограничување на мобилни телефони во училиштата. Сѐ поголем број европски држави веќе воведуваат вакви мерки. Франција има законска забрана за користење на мобилни телефони во основните училишта. Во Холандија и Италија се применуваат строги ограничувања и насоки. Причините се јасни, намалување на дигитални дистракции, подобра концентрација на учениците, спречување на снимање и ширење на инциденти, намалување на притисокот од социјалните мрежи во училишната средина. Затоа во соработка со Министерството за образование и наука ќе предложам да разгледаме модел кој ќе опфати забрана или строго ограничување на користење телефони за време на наставата, јасни исклучоци за образовни цели и унифицирани правила за сите училишта. Целта е фокус, ред и заштита. Исто така ќе предложам воспоставување видео надзор според европски искуства. Прашањето за безбедност во училиштата вклучува и технички решенија. Во повеќе европски држави, видео надзорот се користи како превентивна алатка. Во Обединето Кралство, CCTV системите се широко користени во училиштата, со јасни правила за намена, пристап и транспарентност. Во Германија, пристапот е рестриктивен дозволен само во исклучителни случаи, со силен фокус на приватноста.  Во Шведска, видео надзорот е можен, но само со дозвола и јасно образложение за безбедносен ризик. Фокусот е на превенција и на безбедност, а комбинацијата на овие фактори е клучна, посочи министерот Андоновски.

Реклама

Пред учесниците на денешната јавна расправа, министерот за дигитална трансформација потсети на мерките кои ги спроведува Министерството за дигитална трансформација за поголема дигитална безбедност.

-Преку иницијативата MKSafeNet, започнавме да градиме структуриран пристап кон дигиталната безбедност и притоа се развија конкретни алатки и ресурси како што се Водич за родителска контрола со практични насоки за родителите за поставување ограничувања, филтрирање содржини и управување со дигиталното однесување на децата. Водич за е-безбедност во училиштата со јасни протоколи за превенција и постапување при онлајн ризици. Едукативни материјали за наставници со структуриран „текстбук“ пристап за интегрирање на дигиталната безбедност во наставата. Практични алатки и упатства за користење на parental control решенија и безбедносни поставки.  Практични алатки и упатства за користење на parental control решенија и безбедносни поставки, нагласи Андоновски.

Од Министерството за дигитална трансформација информираа дека континуирано работаат на обуки за наставници и родители, ресурси според возраст, советодавни механизми за поддршка, воспоставување национален центар за безбеден интернет.