Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Аларм за заштита на младите – се бараат мерки за ограничување на пристапот до социјалните мрежи

Забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Забрана за користење на мобилни телефони за време на наставата како и видео надзор во влезовите, ходниците и училишните дворови. Според надлежните овие мерки би го намалиле штетното влијание на социјалните мрежи врз децата. Со нив, би се задржало вниманието на учениците само кон часовите, ќе се ограничи изложеноста на штетните содржини, ќе се намали зависноста од телефоните,  како и ширењето на говорот на омраза. Предлогот за мерки доаѓаат во време кога има се повеќе случаи на меѓуврсничко насилство.

„Нашиот предлог е сите училишта да го следат овој пример и без изречна дозвола од определен наставник за определен предмет на определен час, да не смеат да се користат мобилни телефони во училиштата. Овој модел ќе го ограничи користењето на телефони за време на наставата и ќе направи јасен исклучок кога тоа станува збор за некаква образовна цел во училиштата кои што немаат дигитална инфраструктура. Целта би била и фокус и ред и заштита. Втората иницијатива е видео надзор во училиштата. “– вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Надлежните велат дека проблемот веќе подолго време се следи и дека фокусот е ставен на превенција, а не на строги забрани. Паралелно се работи на нови закони и стратегии.

Реклама

„Паралелно работиме на нова национална стратегија за ментално здравје и новиот закон за младинска работа со цел да обезбедиме долгорочна и одржлива поддршка за овие процеси.. Не смееме да дозволиме дигиталниот простор да стане место каде што младите ќе се чувствуваат несигурни, осамени или притиснати.“– вели заменик министерот за Социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Докторите се со став дека технологијата освен штетно влиајние, сепак има и позитивни страни, зошто им помага на младите за пребарување информации во процесот на образование. Но сепак порачуваат родителите  да посветат внимание за тоа како ја користат.

„Ние од најрана возраст ги изложуваме децата да јадат со таблети, телефон, да имаат секакви активности со телефон и ние им предизвикуваме зависност. Многу е интелегентно да се фокусираме во раниот развоен период бидејќи ако ние ги направиме децата да бидат адиктивни очекувано дека адолесценцијата како најгоелема криза нема да биде погоден период за да воспоставиме правила. “- вели Камелија Симеонова, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија.

Дел од родителите се за ригорозни мерки – со закон да се ограничи користењето на социјални мрежи, односно до одредена возраст децата да немаат пристап до истите.

„За лица под 13 години целосна забрана за пристап до профили, лица од 13-15 години да користат само со родителска согласност, а лица над 16 години слободно да можат самостојно да ги користат социјалните мрежи.“ – вели Ања Мишева, родител.

Инаку, надлежните до сега својот фокус го насочија кон онлајн безбедноста преку развој на водичи, едукативни материјали, практични алатки и обуки, цртан филм и отварање на национален центар за безбеден интернет.