Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Детали за „златната виза“: Филипче ја добил да директорува во Дубаи, а не како врвен доктор или специјалист

Извршен директор на странска компанија, која само е регистрирана во Дубаи, која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извршен директор на странска компанија, која само е регистрирана во Дубаи, која не плаќа данок, може слободно да си го собира профитот, а може да работи само во рамките на индустриската зона или надвор од границите. Има странски сопственици и акционери. Називот „Неуро„ во лиценцата може да значи дека се занимава со технолошка опрема, која може да е и медицинска. Ова е основот по кој доктор Венко Филипче ја добил „златната виза“ за Обединетите Арапски емирати. Дали е еден од сопствениците на фирмата, нема податоци. На неа не стои дека ја добил како истакнат доктор или медицински специјалист, туку како извршен директор.

Како што е наведено во 10 годишната виза на лидерот на СДСМ, таа е добиена преку самоспонзорирање на престојот, независно од работодавач или компанија, што овозможува слободно да живеете и работите во Обединетите Арапски Емирати. Тоа ја елиминира потребата од корпоративен спонзор, овозможувајќи можност да менувате работни места и да започнете сопствен бизнис, и да го собирате профитот. Ја добиваат главно инвеститори кои треба да покажат минимум половина милион евра на сметка, но може да ја добијат и луѓе со посебен талент или ретка специјализација. Во светот позицијата извршен директор главно значи дека тој човек би занимава со бизнис, профит, даноци, трошоци и слично, а не доктор специјалист во некоја болница, како што тврдеше Филипче.

-Пред периодот да се кандидирам за претседател на партијата, односно претходно пратеник, бев преговори со една болница во Дубаи за работа таму и добро напредуваа преговорите, дури завршија и една форма на валидација на документите и тој процес практично сега е ставен на стенд бај, изјави Филипче на деветти мај лани.

Реклама

Во лиценцата на Венко Филипче стои дека фирмата е регистрирана во слободната економска зона Рас Ал Каиман. На нивниот сајт во делот успешни приказни воопшто не стои било каква болница, што не значи дека некој странски инвеститор, на пример од Македонија не би можел да ја изгради. Тоа што е важно е дека фирмите со ваква лиценца не смеат да работат на територијата на Емиратите, туку само во зоната или пак, да биде таму регистрирана, но да тргува и работи во странство.

Откако алфа телевизија екслузивно ги објави деталите од визата, воинтвенсиот лидер на СДСМ не сакаше да одговори на сите недоследности во однос на документите – од тоа дали е сопственик, дали визата ја добил со покажување на поголема сума на пари или некој гарантирал за него. Наместо одговор или демант, неговата партија во својот параноичен стил само одговори дека ова било дело на Изралската разузнавчка приватна компанија.

Матеја Петровски