Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ангелов на состанок во НАТО: Фокус на отпорноста и цивилната подготвеност

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел.

На средбата, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, се дискутирало за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5 отсто од националниот БДП за одбраната.

-Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно демонстрирана преку заедничката сесија меѓу претставниците за отпорност и националните директори за логистика, одржана за првпат во овој формат и на ова ниво. Концептот за поддршка на земја-домаќин е невозможен без координирана цивилно-воена соработка и заедничко планирање, коишто се клучни за ефикасно спроведување на одбранбените планови на НАТО, се наведува во соопштението.

Реклама

Состаноците на Комитет за градење отпорност на ниво на високи национални претставници се одржуваат еднаш годишно и претставуваат централна платформа за креирање на политиките на Алијансата со цивилен предзнак.

Цивилната подготвеност и цивилното одбранбено планирање се дел од пошироките напори за јакнење на колективната отпорност на Алијансата и концептот за одвраќање и одбрана на НАТО.