Во Институтот за македонски јазик денеска ќе се одржи трибина „Култура, идентитет, традиција на Македонците од егејскиот дел на Македонија“ по повод 80 години од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 15 години од смртта на Ѓорѓи Доневски.
Најавено е обраќање на директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова – Грујовска, како и на Евгенија Николовска од Републичкото здружение на децата бегалци „Тга за југ“ и Митко Панов од Институтот за национална историја.
Трибината е организирана од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“, Институтот за македонска литература, Институтот за национална историја и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.
