Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Прирачник за ефективна комуникација со граѓаните за данокот на имот објавен од проектот „ЕУ за општините“

Техничката поддршка на проектот „ЕУ за општините“ претстави нов практичен прирачник наменет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Техничката поддршка на проектот „ЕУ за општините“ претстави нов практичен прирачник наменет за општините во Македонија. Објавениот „Прирачник за спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за данок на имот“ е  конкретна алатка за планирање и спроведување ефективни комуникациски кампањи на локално ниво.

Прирачникот нуди структуриран и практичен пристап за тоа како општините да ги информираат и вклучат граѓаните во процесот на редовно и навремено плаќање на данокот на имот, преку јасни пораки, соодветни комуникациски канали и конкретни активности. Неговата цел е да придонесе кон зголемување на јавната свест, подобрување на транспарентноста и зајакнување на довербата меѓу граѓаните и локалната самоуправа.

Со овој прирачник, Европската Унија преку „ЕУ за општините“ ја надградува поддршката за општините во делот на административните и технички капацитети, како и во областа на стратешката комуникација и директната интеракција со граѓаните, како едни од клучните елементи за поефикасно управување со локалните приходи.

Реклама

Во својот предговор, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, истакнува дека општините се местото каде што европските политики се преточуваат во конкретни подобрувања во секојдневниот живот и тоа преку подобри услуги, позелени решенија, посилни локални економии или поинклузивно управување. Тој додава дека во изминатите години, проектот „ЕУ за општините“ покажа дека европската интеграција не е апстрактен процес, туку партнерство изградено на соработка, доверба и конкретни резултати. 

Прирачникот е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамки на Техничката поддршка на „ЕУ за општините“ во Северна Македонија. Се дистрибуира бесплатно и може директно да се преземе на линкот: https://eu4m.myshopify.com/products/handbook-on-property-tax-awareness-raising-campaign

Автор на публикацијата е Бардул Марку, главен уредник е д-р Клаус Рихтер, кој е и тим лидер на ТП „ЕУ за општините“.

Виш уредник за стратешки комуникации и ЕУ видливост е Бојан Кордалов, кој посочува дека прирачникот е дел од поширока серија на практични публикации подготвени во рамки на „ЕУ за општините“, чија цел е  да обезбедат практична поддршка, пренесување знаење и практични вештини за локалната администрација во Северна Македонија, како и да придонесат за поефикасно, транспарентно и одговорно управување со јавните ресурси.