Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

АЛФА ТВ обезбедува рамноправна застапеност на сите, и покрај политичките обвинувања и напади од СДСМ

Додека од партиската говорница секојдневно слушаме канонада напади, клевети и навреди кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека од партиската говорница секојдневно слушаме канонада напади, клевети и навреди кон Телевизија Алфа, активностите на СДСМ важни за јавниот и интересот на граѓаните, секојдневно се презентирани на нашиот медиум, што може да се види и во информативните изданија на телевизијата, каде што секогаш оваа партија и нејзиниот лидер Венко Филипче, го добиваат својот простор од дневните активностите.

Иако сакаат да тврдат поинаку, доказ дека за СДСМ има место во програмата на Алфа се и извештаите објавени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми, за известувањето во текот на кампањата за локалните избори, кога и се врши мониторинг. Таму за известувањата во првиот изборен круг, јасно е увидено дека двете најголеми партии во тој момент, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, добиле подеднакво претставување на нивните активности.  

Телевизија Алфа обезбеди информации за голем број субјекти, но најмногу за коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ, кои имаа и најголем број потврдени кандидатски листи, при што математички прецизно го подели времето меѓу нив. Од квалитативен аспект, доминантно известуваше со неутрален тон, информирајќи за теренските активности на учесниците во изборната кампања, пренесувајќи ги нивните пораки до гледачите и гласачите“

Реклама

Ситуацијата е иста и во вториот круг. Таму според минутите ВМРО-ДПМНЕ доби 42, додека СДСМ 36, но мора да се потенцира дека владејачката партија имаше поголем број свои кандидати во изборното соочување од вториот круг.

„Во вториот круг од изборите, Телевизија Алфа главно информираше за активностите на четирите коалиции, трите предводени од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, за Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ и за политичката партија ЗНАМ. За севкупните активности на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа одвоени 42 минути, за активностите на Коалицијата предводена од СДСМ – 36 минути, за Коалицијата предводена од ДУИ – 13 минути, за Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ – 11 минути и исто толку за ЗНАМ“ – стои во Извештајот.

Во извештајот е потенцирано и дека кандидатите на СДСМ одбиле покани за гостување на телевизија Алфа.

„Водителот на емисијата „Заспиј ако можеш“, информираше дека покана за интервју прифатил уште еден кандидат за градоначалник од Коалицијатапредводена од СДСМ, но подоцна не се одзвал на поканата.Телевизијата повеќепати известуваше дека кандидатите од СДСМ не ги прифаќаат поканите да учествуваат во емисиите на ТВ Алфа“ – стои во Извештајот.

ТВ Алфа е, била и ќе остане професионален медиум, што ги пренесува сите ставови на засегнатите страни, според сите новинарски стандарди, што е потврдено и во извештаите од АВМУ, а го потврдуваат и сите извештаи од надлежните институции од постоењето на телевизијата. Но, тоа не значи дека ќе се откажеме од правото на критика и барање одговори на прашања од јавен интерес, како на пример: Како и зошто изгоре модуларната болница во Тетово? Зошто Македонија последна доби вакцини за ковид, при серизони сомнежи за провизии? Колку пациенти починаа од канцер поради несоодветна терапија на Онкологија? Колку црни милиони се испраа со бизнисот со марихуана? И дали претходната власт со закани и уцени сакаше да преземе една приватна болница?