Реклама

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Македонија

Петрушевски: Заев се врати на Бихачка за да потсети кој е газда на СДСМ и да му даде насоки за работа на Филипче

Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по повод роденденот на СДСМ е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки од Заев, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Сега проритет на  агендата на Филипче како да е кочењето на интеграциите на Македонија  за да врват бизнисите на Заев.

Филипче и раководството на СДСМ кое тој го предложи, а е по мерак на Заев, сега ги блокираат законите кои се важни во делот на европската агенда или интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Реклама

Деновиве слушавме како најавува блокирање на работни тела во Собранието ако не било како што тој сака. Освен бојкот, Филипче поставува услови за носење закони и слично.

Практично, Филипче негодува со закони и законски измени, како оној за укинување на техничката влада, поставува услови за измените на законот со кој пратениците мора да имаат само македонско државјанство и слично. Ова се само мал дел од реформските закони иницирани од владејачкото мнозинство и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче исто како кога го бираше раководството на СДСМ по насоки на Заев, сега работи очигледно по насоките на Заев или партијата ја води кон целосен распад.

Се додека Филипче го избира минатото и работи по насоки на Заев, ниту за него, ниту за партијата, уште помалку ќе биде добро за граѓаните и државата. Затоа Филипче мора да расчисти со Заев и неговите криминални политики.