Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Уапсени 14 луѓе кои нелегално увезувале, дистрибуирале и „боцкале“ нелегални ботокси и филери

Непроверени и швецувани филери и ботокси биле аплицирани врз пациенти во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непроверени и швецувани филери и ботокси биле аплицирани врз пациенти во Македонија. Препаратите биле внесувани преку црн пазар од странство, без дозволи, контрола или регистрација.И покрај тоа, тие биле вбризгувани врз пациенти кои верувале дека се во сигурни раце. За овие сомнежни, истрага спроведуваат обвинителството и полицијата, па им влегоа во трага на организираната шема за нелегалните естетски третмани, со кои докторите ја загрозиле безбедноста на пациентите. Уапсени се повеќе од 14 луѓе меѓу нив има пластични и општи хирурзи, дерматолози и рентгенолог дел од нив се вработени како доктори на скопските клиники и ГОБ 8-ми септември, но и сопственици на дерматолошки ординации како и лица кои организирале транспорт и продажба на опасните препарати. Вмешан е и царински службеник, кој за поткуп овозможувал нелегалната стока да влегува во државата без контрола. Обвинителството бара притвор за 12 лица, додека останатите ќе бидат опфатени со мерки на претпазливост.

“Дел од осомничените, иако биле целосно свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала што не се увезени согласно законските прописи и за кои не постои одобрение, упатство или декларација издадена од МАЛМЕД, сепак вршеле естетски интервенции, со што директно го загрозиле здравјето и животот на граѓаните и предизвикале сериозна општа опасност. Во рамки на истрагата, осомничен е и царински службеник кој, со цел стекнување противправна имотна корист, во два наврати примил поткуп за да овозможи влез на нелегална стока во државата, без да биде извршена задолжителна царинска контрола”.– велат од ОЈО ГОКК.

Според истрагата, се работи за увезени ботокси, филери, лекови и медицински препарати од Србија Кореја и Турција коишто немале одобрение од надлежен орган, немале упатство ниту налепници.

Надлежните проверуваат кој се бил дел од синџирот од увозот до боцкањето, а се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

Инаку, пред девет месеци, Царинската управа на граничниот премин „Деве Баир“ заплени 210 вијали со ботокс во патна торба на патник што пристигнал од Истанбул. Супстанцата е под строг режим на увоз и беше запленета.