Реклама
Прилози

Им паѓаат во вода сите аргументи на сопствениците на хациенди во Ореовец за ископот во државниот каменолом

Потрошени се сите аргументи на сопствениците на хациенди во Ореовец, кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потрошени се сите аргументи на сопствениците на хациенди во Ореовец, кои се противат на ископот во државниот каменолом. Сите параметри и мерења укажуваат дека нема никакви отстапувања. Ниту ќе се уништат куќи, ниту цел Прилеп ќе остане без вода. Мерењата се јасни, а резултатите од нив биле презентирани и како докази во судскиот процес што го покренаа сопствениците на имот во селото, а кој на крајот го изгубија, откако ги мина сите инстанци.

Вака изгледаат и вака звучат контролираните експлозии во каменоломот, за кои сопствениците на имоти од Ореовец тврдат дека ќе ги оштетат нивните куќи, вили и хациенди; дека ќе го остават цел Прилеп без вода, дека ќе уништат наводно археолошко богатство и што уште не.

Ископот се наоѓа на повеќе од 700 метри од селото, во рамки на законски утврдени граници. Во тие рамки се и сите мерења на звук, вибрации и загадување.

Реклама

Алфа дојде до резултатите кои покажуваат дека не само што нема никакви отстапувања, туку сите параметри се далеку пониски од дозволеното.

Овие мерења беа презентирани како докази и во судскиот процес што го покренаа сопствениците на имот во селото, а кој на крајот го изгубија, откако ги мина сите инстанци.

„Стратешкиот партнер може да продолжи без никакво ограничување со подготвителните работи, вклучувајќи привремени работи и поставување на локации“, се вели во пресудата на Основниот суд – Прилеп.

На сопствениците на хациендите во Ореовец им останува само да ангажираат бајачка или астролог во нивните обиди да го блокираат пристапот до државниот каменолом. Бидејќи ги искористија сите познати и непознати правни и демократски механизми, а анализите и експертите утврдија дека не се во право, сега можеби ќе се обидат и со тоа. Очигледно играат на секоја карта за да го запрат проектот од државно значење.

Проценките се дека штетите од овие блокади можат да надминат дури 150 милиони евра, поради пенали што би морала да ги плаќа државата, но и поради трошоци за набавка на материјали од приватни ископувачи наместо од државно земјиште.

Симптоматично е што блокадите се однесуваат исклучиво на државниот каменолом, додека приватните, кои се наоѓаат во непосредна близина, со години функционираат без отпор.