Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Гаши – Адемовиќ: Унапредување на соработката и подобри врски меѓу Македонија и Босна и Херцеговина

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши оствари средба со претседателот на Домот на Народите на Парламентарното Собрание на Босна и Херцеговина, Кемал Адемовиќ.

Гаши, како што информираат од собраниската прес-служба, изразил задоволство од одличните односи помеѓу двете држави, кои не се обременети со билатерални прашања, а како дополнителен мост на поврзување ја нагласи улогата на Бошњаците во Македонија и диаспората на Македонија во Босна и Херцеговина.

Гаши подвлекол дека неопходно е подобрување на сообраќајните врски помеѓу двете држави како основа за подобра економска и секаква друга соработка и во тој контекст реферирал на обновување на железничката врска, како и воспоставување на авио линија Скопје – Сараево. Во светло на претстојната Конференција на Јадранско – Јонската иницијатива, Гаши истакнал дека темите на Конференцијата, мирот, парламентарната дипломатија и напредокот коридорите 8 и 10 се индикатор за интересот на државите и напорите на регионот на Западен Балкан за интеграција во Европската Унија.

Реклама

Претседателот Адемовиќ се заблагодарил за срдечниот пречек и ги споделил очекувањата од Конференцијата со која претседава Македонија. Посочил дека Босна и Херцеговина високо го цени оддавањето на почит на Собранието кон жртвите на геноцидот во Сребреница со одбележувањето на годишнината на овој трагичен настан. Нагласил дека регионалната соработка и Берлинскиот процес се особено важни за напредокот на Регионот кон Европската Унија.

Соговорниците се согласиле дека билатералната соработка и взаемните посети на сите нивоа и во повеќе сфери треба да се интензивираат.