Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Ѓорѓиевски: „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ да биде трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Културата мора да стане двигател на урбаната трансформација и трајна основа за развојот на градот – порача градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан „Скопје – европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје – култура, урбани политики и одржливи европски градови“ во рамките на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

Во својот говор тој ја нагласи историската можност што ја носи титулата и повика културата да се разбере како јавна инфраструктура, а не како украс. 

– Што навистина значи Скопје да биде европска престолнина на културата? Дали тоа значи само една година исполнета со настани? Или, како што за мене значи, нешто многу подлабоко – можност културата да стане трајна трансформација, јавна трансформација на инфраструктурата на градот, двигател на урбаниот развој, средство за социјална кохезија, извор на нова економија и основа на нов урбан идентитет – истакна Ѓорѓиевски.  

Реклама

Градоначалникот потсети и на солидарноста по земјотресот во 1963 година нагласувајќи дека тоа наследство мора да се претвори во современа сила за обнова на јавниот интерес и довербата во институциите. 

– Ако во 1963 година солидарноста значеше обнова на разрушениот град, тогаш денес таа мора да значи обнова на јавниот интерес, на довербата во институциите, на културниот живот, на чувството на припадност и на правото на секој граѓанин да учествува во создавањето својот град – порача тој.  

Ѓорѓиевски ја нагласи и потребата културата да се поврзе со секојдневниот живот на граѓаните:

– Добар град не е само град со настани. Добар град е град во кој човек сака, пред сè, да остане. Град во кој јавните простори се безбедни, зелени, достапни и креативни. Град во кој културата не е луксуз, туку дел од неговото секојдневие – рече тој. 

Со визија за Скопје како жив град, градоначалникот заклучи дека титулата европска престолнина на културата не смее да биде само едногодишна прослава, туку трајна промена во начинот на кој се разбира, управува и живее градот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: