Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа попладнево учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа попладнево учествуваше на деловната средба помеѓу бизнисмени од Македонија и Австрија, одржана во рамките на официјалната владина посета на Виена. Во своето обраќање тој ја претстави Македонија како дестинација за зелени инвестиции, нагласувајќи ги конкретните можности во секторите на управување со отпад, пречистување на отпадни води и обновлива енергија.

Како што информира Кабинетот на Хоџа, посебно беа истакнати тековните капитални инвестиции, како што се регионалните центри за управување со отпад.

Министерот го истакна технолошкиот и финансискиот капацитет на Австрија и повика на конкретен дијалог, помеѓу институциите и бизнис заедниците, со цел намерите да се претворат во конкретни проекти.

Реклама

-Зелената транзиција веќе се случува, прашање е само кој ќе биде дел од неа. Сметам дека заедно можеме да изградиме нешто вредно, и за нашите економии, и за да обезбедиме одржлива иднина за генерациите кои доаѓаат, истакна Хоџа.