Реклама
Прилози

Бил вистински лидер на СДСМ, ама кога нешто му е потребно се консултира со Заев: Филипче пак не издража да не упати порака до ТВ Алфа

Јас сум вистинскиот лидер на СДСМ, но ако за нешто не сум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јас сум вистинскиот лидер на СДСМ, но ако за нешто не сум сигурен му вртам на Зоран Заев. Венко Филипче призна дека се консултира со екс партиските лидери, но тврди дека тоа го правел само по потреба. Сепак, на нашето конкретно прашање околу коментарите кои се појавија во јавноста по доаѓањето на поранешниот премиер на роденденската прослава на СДСМ, не издржа да не упати порака и до ТВ Алфа.

-Системот како вие тоа го прикажувате, тоа мене не ме изненадува, како вие тоа сакате да го прикажете во една конотација, во едно светло кое што нема никаква врска со вистината, ама вашата фрустрација со Зоран Заев јас ја разбирам. (Каква фрустрација?) Ајде повелете друго прашање има ли?, порача Филипче.

Вистински претседател на СДСМ вели дека бил тој, се советувал и со Ковачевски и со Бучковски, уште двајца поранешни лидери, но не му влијаеле на политиките и одлуките.

Реклама

-Вистинскиот претседтал на партијата стои пред вас, а освен поранешниот претседател Зоран Заев, беше и поранешниот претседател Владо Бучковски и поранешниот претседател Димитар Ковачевски. И тие никако не влијаат на начинот на кој што партијата ги креира, ги носи политиките и на мене лично. Јас сум тој кој што сите нив во еден момент кога е тоа потребно, кога сметам дека ми треба нивното искуство, ги прашувам за одредени работи и ми го кажуваат тие своето мислење, изјави Филипче.

Инаку на З5-тата роденденска забава на СДСМ, Заев се појави пред самиот крај, откако претходно беше на проекција на филм за промената на името. Беше пречекан со аплаузи и прегратки од партиските членови кои беа останати на Бихаќка.

Сакавме да го запрашаме и него за коментар за нападите, клеветите и навредите од Филипче кон Алфа, но поранешниот лидер на социјалдемократите не беше расположен да зборува.

Инаку СДСМ, освен за наводно нелегално финансирање ја обвинува ТВ Алфа и за антиевропски наративи. Очигледно одбраната на националните интереси, на македонската историја и идентитет за актуелното раководство на СДСМ е одработување за Русија и за Кина.

Матеја Петровски