Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Отворен дијалог и конкретни решенија – македонските власти очекуваат конструктивност од Румен Радев

Бугарија добива силна Владата и иден премиер со голема поддршка и политичко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија добива силна Владата и иден премиер со голема поддршка и политичко Убедливата победа на поранешниот бугарски претседател Румен Радев е очекуванa според претседателката Гордана Сиљановска Давкова , која што има и повеќе од добри односи со идниот шеф на бугарската Влада. Таа вели токму таа сила може да биде шанса за решавање на наталожените проблеми од честите политички кризи во земјата. Според македонската претседателка со силна влада во Софија се отвора простор за напредок, особено во време на зголемени безбедносни предизвици во Европа, и очекува разговори помеѓу двете држави каде што ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции.

“Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение. Да потсетам, Балканот секогаш бил зона за тестирање на односите на големите сили, лакмус, тоа сигурно ќе биде и сега и јас очекувам третирање на проширувањето не само низ призма на поголема ЕУ, компетитивна на глобалната политичка сцена туку и поголема безбедност. Ние имаме 100 проценти усогласена надворешна и безбедносна политика со ЕУ  и повеќе држави од регионот – Црна Гора и Албанија,  и очекувам да се видиме да разговараме, се разбира со двете знамиња и да трагаме по ново решение” – вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Покрај претседателката, и македонската Влада очекува конструктивен пристап од новиот бугарски лидер Румен Радев по изборната победа. Премиерот Христијан Мицкоски веќе телефонски му ја честитал победата и најавил иницирање дијалог со Софија. Од Владата велат дека очекуваат подобри односи, економска соработка и конечно деблокада на патот кон ЕУ.

Реклама

Во последните пет години, Бугарија помина низ сериозна политичка криза, обележана со дури осум парламентарни избори.Наместо стабилност,секој изборен циклус носеше сличен исход – без јасен победник и без можност за формирање долгорочна влада. Очекувањата на Радев се дека конечно со неговата победа ќе се стави крај на досегашната нестабилна бугарска Влада.