Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Бензините и дизелот поевтинуваат за денар и пол

Ново поевтинување на горивата. Од утре бензините и дизелот со намалени цени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново поевтинување на горивата. Од утре бензините и дизелот со намалени цени од денар и пол по литар. 95-ката ќе се продава за 80,50 денари по литар. Новата цена на 98-цата изнесува 82,50 денари по литар. Дизелот, пак, од полноќ ќе се преодава за 94 денари по литар. Минимална нагорна корекција од половина денар има и кај екстралесното масло за домаќинства. Литар ќе изнесува 97 денари. Мазутот исто така со нова намалена цена од 46,288 денари за килограм.Од овие цени може да се оди и надолу на бензинските пумпи поради попустот на ОКТА.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ 20.04.2026

ЕУРОСУПЕР  95               80,50 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР  98               82,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                     94 (денари/литар)

Екстра лесно масло         97 (денари/литар)

Мазут                          46,288 (денари/килограм)

Со новата промена во цените, тие и натаму остануваат најниски на Балканот. За тоа придонесоа мерките на Владата за ублажување на ценовниот удар за граѓаните и фирмите. Владата одлучи до четврти мај да остане на сила мерката за намалување на акцизите за нафтата за 4 денари, односно на бензините за два денари по литар. ДДВ-то за бензините, исто така, ќе остане на нивото од 10 проценти во следните две недели. ДДВ-то за нафтата се враќа на 18 отсто. Премиерот го образложи ова со тоа дека откупните цени на дизелот паѓаат, што значи дека  и покрај тоа, дизелот ќе продолжи да поевтинува. За пониски цени на нафтените деривати придонесува и попустот кој Окта им го дава на трговците од 3 денари на литар за дизел горивото, односно 2 денари за бенизните кој ќе трае до крајот на април.

Македонија е во топ трите земји по преземени мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата. Меѓународниот монетарен фонд ја стави Македонија на третото место во Европа за ефикасно справување со кризата по избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток.