Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Сали од Дизелдорф: Германија е најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори во Македонија

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во Дизелдорф учествуваше на панел-дискусија на тема „Можности за странски инвестиции во Македонија“, на која ги презентираше инвестициските потенцијали на земјава.

Од Кабинетот на министерот за европски прашања соопштија дека во своето обраќање, Сали ја истакнал Германија како најголем трговски партнер и еден од најзначајните странски инвеститори во Македонија, нагласувајќи дека повеќе од 150 германски компании се присутни во земјата, со над 22.000 вработени.

Тој посочил дека континуираните инвестиции и реинвестиции од германските компании ја потврдуваат довербата во македонската економија, при што ја нагласил заложбата на Владата за обезбедување стабилна, конкурентна и предвидлива деловна клима.

Реклама

Сали истакнал и дека економската соработка со Германија се развива паралелно со процесот на европска интеграција, посочувајќи дека Македонија останува целосно посветена на спроведување на реформите и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.