Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Скринингот спасува животи: ракот на дебелото црево сè почесто се открива навреме

Карциномот на дебелото црево, ако се открие навреме, може да се спречи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Карциномот на дебелото црево, ако се открие навреме, може да се спречи, успешно да се лекува и целосно да се победи. Дигестивните хирурзи велат дека скирингот е златна дијагностика за рано откривање на рак дигестивниот тракт. Добрата вест што ја споделија елакрите, е што се помалку пациенти доаѓаат на лекар во доцна фаза на болеста. Тоа директно значи поголеми шанси за излекување и подобар и квалитетен живот.

„Македонија во последниве години прави сериозни исчекори. Ако пред десет години околу 75 проценти од пациентите беа во трет или четврт стадиум, денес сме сведоци дека пациентите ги откриваме многу порано. Точната бројка не можам да ја кажам, меѓутоа ако се зголемува бројот на лапароскопски или минимално инвазивни интервенции, кои секогаш се поврзани со низок стадиум на болеста.“ – вели проф. д-р Светозар Антовиќ, дигестивен хирург и декан на Медицинскиот факултет во Скопје.

Ракот на дебелото црево е се почест и на глобално ниво и кај нас. Во Македонија, секоја година се дијагностицираат околу илјада нови случаи.

Реклама

Здравствените власти велат дека се засилуваат програмите за рано откривање. Освен за рак на дебелото црево, се спроведуваат и превентивни прегледи за повеќе други заболувања.

Инаку, денеска во Скопје се одржува 18-тиот Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот собира над 40 предавачи и повеќе од 150 учесници од Европа и регионот, со цел размена на најнови знаења и клинички практики во дигестивната хирургија.