Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Завршена реконструкција на дел од водоводна мрежа на улица „Трајко Прокопиев“ Куманово

ЈП „Водовод“ Куманово ја заврши комплетната реконструкција на крак од улицата „Трајко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЈП „Водовод“ Куманово ја заврши комплетната реконструкција на крак од улицата „Трајко Прокопиев“, со што е решен долгогодишен проблем со дефекти и протекувања, за што реагираа граѓаните. Директорот на претпријатието,  Игор Ликовски информираше  дека со проектот е извршена целосна замена на дотраената водоводна мрежа, која со години предизвикувала проблеми за жителите.

-Старата азбестна цевка е целосно отстранета и заменета со нова, висококвалитетна полиетиленска мрежа, со што обезбедуваме долгорочно и стабилно водоснабдување- изјави Ликовски.

Во рамки на реконструкцијата  обновени се и сите приклучоци до домаќинствата на овој потег, со што, како што посочи Липковски, значително се подобрува квалитетот на услугата за граѓаните. По завршувањето на работите и тестирањето на новата мрежа, улицата е целосно асфалтирана и вратена во подобрена состојба. Тој  додаде дека наместо привремени санации на дефекти, претпријатието се насочува кон трајни решенија.

Реклама

-Ова е моделот по кој ќе продолжиме со модернизација на водоводната мрежа на ниво на цела општина- кажа Липковски.

Од ЈП „Водовод“ Куманово најавија продолжување на активностите за унапредување на инфраструктурата.