Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Стојков: Одлуката на ОН е шанса за пресврт во односот на Бугарија кон Македонците

Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можност за пресврт и конечна промена на дискриминаторската и асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците. Одлуката на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги крши правата на здружување на малцинствата е ветер во грб за претставниците на македонците кои со децении бијат битка против бугарската политика. Претседателот на невладината организација „Толерантност“ Стојко Стојков во изјава за Алфа вели дека бугарските власти се повеќе губат на меѓународна сцена и нејзината негаторска политика кон македонците останува без аргументи. Според одлуката на Комитетот на светската организација, Бугарија има рок од 180 дена да постапи што, според Стојков, е доволно време за да се види дали ќе има и реални промени:

„Ќе биде многу интересно да видиме што ќе направат сега дали ќе имплементираат нешто или ќе продолжат со истата политика да одбиваат и само формално нешто да почитуваат, колку да кажат дека еве нешто правиме“, изјави Стојко Стојков – претседател на невладина организација „Правозаштитен  комитет Толерантност“.

Комитетот на ОН е е втора моќна меѓународна организација која реагира за правата на македонците во Бугарија. Судот за човекови права во Стразбур има донесено повеќе од десетина пресуди кои Бугарија и натаму одбива да ги почитува. Ова според Стојков само покажува дека Бугарија нема лесно да се повлече од асимилаторска политика и негирањето на македонците и нивното право на здружување.

Реклама

„Бугарија не сака да ги испочитува, таа сака да продолжи со политиката на дискриминација, маргинализација, асимилација на Македонците. Не сака Македонците во Бугарија да создаваат свои организации, преку кои ќе можат да ја развиваат својата култура, својот идентитет, да се  борат за своите човекови права“, изјави Стојко Стојков – претседател на невладина организација „Правозаштитен  комитет Толерантност“

Она што е важно според Стојков е што во моментов во Скопје има Влада која има цврст став кон ова прашање и категорично отфрла каква била можност за продолжување на политиките на попустливост кои ги спроведуваше власта на СДСМ и ДУИ. Според него, идејата дека со компромиси може да се постигне нешто е погрешна, ја охрабрува политиката на негација и блокади и потврдува дека колку повеќе Македонија попушта, толку повеќе соседите не блокираат. Тој се надева дека власта и опозицијата ќе имаат јасна и цврста позиција по однос на ова прашање.