Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мицкоски: Додека сум премиер, во државата мора да има еднакви услови за сите, имам чувство дека функционери од претходната влада ќе бидат опфатени од прогони 

Во државата мора да имаме еднакви услови за сите, без разлика кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во државата мора да имаме еднакви услови за сите, без разлика кој бил, дали е сегашен или поранешен висок функционер. И тука не треба да има никаква дилема, барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за пораките на СДСМ дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да одговара, а по промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.

Тој ѝ порача на опозицијата, доколку сакаат да бидат реална алтернатива на оваa Влада, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата.

– Но, она што загрижува е фактот дека опозицијата сè уште не ја научии лекцијата и сè уште живее во оној свој паралелен свет, па никако не можете да слушнете, да речеме, да го повикаат Васко Ковачевски да се врати и да се соочи со правдата. И се чудам зошто на нивните прес-конференции, доколку сакаат и пледираат да бидат реална алтернатива на оваа Влада, не можете да го сретнете името на Васко Ковачевски и да го повикаат исто така да се врати и да се соочи со правдата – рече Мицкоски.

Реклама

Очекува опозицијата да биде критичка и во своите редови и доколку поранешни високи функционери од претходната влада на СДСМ бидат опфатени во одредени прогони, да излезат на прес-конференции и да ги повикаат на одговорност.
 
– Очекувам истата оваа опозиција да се однесува вака критички како што сега се однесува кога имам чувство дека набргу високи функционери од претходната влада на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на влада, нивни блиски од семејството и така натаму, ќе бидат опфатени со одредени прогони. Имам чувство, не велам дека имам информација, имам чувство. Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, исто така ќе имаат вакви прес-конференции и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку ќе ги повикат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност – изјави Мицкоски.