Реклама

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Македонија

Министерството за правда утре ќе ги побара сите судски списи за случаите поврзани со Никола Груевски

Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда соопшти дека во текот на утрешниот ден ќе достави барање до надлежните судови и обвинителства за прибирање на сите списи поврзани со предметите за поранешниот премиер Никола Груевски и откако ќе ги добие потребните документи ќе постапи согласно позитивните законски прописи. 

Оттаму потсетуваат дека за Груевски било поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година, како и негово дополнување во 2019 година, но истото било одбиено од унгарските власти поради одобрен азил.

-Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница, наведуваат Министерството за правда.

Реклама

Како што дополнуваат, Република Унгарија го одбила барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска потсети на правосилната пресуда за поранешниот премиер, со која е упатен на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, рече дека нема такви очекувања.

– Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш по неговото појавување во државата, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување затворска казна, која е во согласност со правосилна одлука. Нормално, секое лице има право да ги користи институциите и своите права да поднесува потоа жалби. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда, со која лицето е упатено на издржување затворска казна, а дали ќе се врати и кога ќе се врати, немам такви очекувања – изјави Мицкоски.

Прашањето за екстрадицијата на Груевски се актуелизира по победата на Петар Маѓар за премиер на Унгарија кој најави дека нема да обезбедува засолништа за лица барани од правосудни органи во други земји.