Реклама

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Македонија

„Блесок 26“ – теренска вежба на Армијата: клучна фаза за НАТО-оценување на Лесната пешадиска баталјонска група

Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со учество на речиси 1.500 припадници на Армијата и поддршка од НАТО-монитори, од 19 до 27 април на воениот полигон Криволак и на повеќе локации во државата ќе се реализира теренската тактичка вежба „Блесок 26“.

Како што информира началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на денешниот брифинг со новинарите, „Блесок 26“ претставува клучна фаза во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) како НАТО-декларирана единица.

– Еден од клучните аспекти е проверка на системот за командување и контрола со цел идентификување можности за негово понатамошно подобрување и поефикасно функционирање – истакна Лафчиски.

Реклама

Додаде дека вежбата е продолжение на серијалот „Македонски Блесок“ и има цел да ги демонстрира борбената готовност, тактичката обученост и интероперабилноста на единицата во согласност со строгите стандарди на НАТО.

Директорот на вежбата, полковник Игор Арсовски, појасни дека оценувањето ќе го спроведе национален тим сертифициран од НАТО-школата за воени вежби, а целиот процес ќе се одвива под надзор на НАТО-монитори и набљудувачи од мултинационалните копнени сили (MLF).

– Вежбата ќе се изведува под контролирани услови, со јасно дефинирани фиктивни сценарија и употреба на спротивставени сили (OPFOR), што ќе овозможи реална проверка на командувањето, логистичката поддршка и оперативните способности на Лесната пешадиска баталјонска група – истакна Арсовски.

На вежбата ќе бидат употребени современа воена техника и вооружување со кое располага Армијата, меѓу кои оклопни возила JLTV, опремени со системи за далечинско управување, транспортни хеликоптери „ми-8/17“, артилериски средства, вклучително хаубици БОРАН од 105 мм и „М2А1“, како и минофрлачи од 120 мм, специјализирани инженерски возила Husky 1 и 2 за детекција и неутрализирање експлозивни направи, беспилотни летала за извидување и набљудување.

Покрај главните активности на полигонот Криволак, вежбовни содржини ќе се реализираат и во касарните во Штип, Прилеп и Петровец. Пристигнувањето на персоналот е планирано да почне на 16 април, свеченото отворање ќе се одржи на 20 април во Пепелиште, а денот за високи гости и затворањето на вежбата се закажани за 27 април.

Како што беше посочено на брифингот, подготовките за оваа сложена вежба траеле осум месеци и вклучувале серија конференции и работилници, со цел да се обезбеди целосна координација, прецизно планирање и исполнување на воените цели, како и натамошно унапредување на интероперабилноста со НАТО-партнерите.