Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

МАН: Бугарофилот Венко Филипче мора кривично да одговара

Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поради континуирани сериозни закани, навреди, клевети, политички притисок, загрозување на слободата на говорот и создавање непријателска атмосфера, заклучно и потенцирано со денешниот прес на Венко Филипче, претседател на СДСМ, кон сите професионални медиуми кои не се под контрола на СДСМ, особено кон Алфа телевизија, Македонската асоцијација на новинари (МАН) го повикува Јавното обвинителство веднаш и неодложно да преземе мерки против Венко Филипче, претседател на СДСМ, за закани и напади кон службено лице, односно спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 од Кривичниот законик.

– Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш и неодложно да ги заштити медиумските работници кои се под континуирани сериозни закани од СДСМ, нивните функционери и претседателот на партијата Венко Филипче. Согласно Кривичниот закон, член 382 и 383, заканите кон новинар, снимател или друг медиумски работник кој врши професионална задача се третира како напад врз службено лице.

Ја повикуваме Агенцијата за аудио-визуелни медиумски услуги да застане во заштита на професионалните медиуми. Истовремено, известуваме дека МАН веќе е во комуникација и со Европската и Светската федерација на новинари за прогонот кој СДСМ го прави против професионалните медиуми.

Реклама

Во континуитет, 20 години, партијата СДСМ прогонува, напаѓа, тепа, се заканува на новинари и медиуми кои не се под нивна контрола. Тоа се случува во мандат на последните 3 претседатели: Венко Филипче, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Кривичната одговорност на Венко Филипче е јасна и недвосмислена. Политичката одговорност на Венко Филипче, претседател на партијата СДСМ, е исто така очигледна.

Унгарија е членка на ЕУ и НАТО и како таква неспорна и неоспорена. И, заедно со Словенија и Хрватска, е најсилен поддржувач од земјите на ЕУ за наше членство во Унијата.

Тоа што Венко Филипче и во овој прес ги брани интересите на Бугарија и врши притисок врз новинари и партијата ВМРО-ДПМНЕ и тие да бидат во функција на бугарското вето е негова политичка одговорност и цена која СДСМ скапо ја плаќа на избори.