Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Орбан заминува, а со него заминува и потребата ЕУ да го укине ветото

И досега беше тешко да се оствари, но од сега натаму ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И досега беше тешко да се оствари, но од сега натаму ќе биде уште потешко во ЕУ да се случи промена наместо право на вето, земјите членки да носат одлуки со квалификувано мнозинство. нешто на што се надеваше македонија, како спас од бугарските вета.

Виктор Орбан, кој ветото го користеше за се и сешто, но најмногу во врска со Украина, беше главната причина што во Брисел се погласно се размислуваше за свовидно укинување на ветото. По неговиот пад, опасноста ја нема, па затоа во втор план ќе падне дебата за гласање со квалификувано мнозинство и остранувањето на правото на вето во надворешната политика на ЕУ. Дел од познавачите коментираат дека очекувањата на набљудувачите од новиот унгарски премиер се заземање на поинаков став од Орбан.

Сепак, за да се случи промена на гласањето треба да има и промена на основните фундаментални договори, па потоа следува ратификација и рефендуми во некои земји, подвлекува поранешниот амбасадот Ивица Боцевски. На ова според него, најмногу се противат Франција и Германија.

Реклама

„За да има промена на гласањето, треба да има промена на фундаменталните основни договори. Без нов договор, без нова ратификација, без нов рефендум во Ирска, без можеби рефендум и во Данска, е незамисливо да се случи ваква промена, и покрај сите најави укинувањето на правото на вето не им одговара на на клучните и критичните земји како што се Франција и Германија. Но, нема да има промени врзани со проширувањето, она што нас не тангира“, вели Ивица Боцевски, екс амбасадор.

Свесна за ова е и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.  Честитајќи му ја победата на Петер Маѓар, се осврна на враќањето на Унгарија на европскиот пат и потребата од реформи во рамките на Унијата. Јасно стави до знаење дека досегашниот принцип на апсолутна едногласност станува нефункционален.

„Мислам дека преминувањето кон гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика е важен начин да се избегнат системски блокади, како што видовме во минатото, и треба да го искористиме моментумот сега, навистина, за да продолжиме напред по таа тема“, вели Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија.

За Македонија ова не е некоја апстрактна европска тема туку реалност што ја живееме со години. Првата голема пречка беше од Грција, која со децении го блокираше напредокот поради спорот за името. Иако тоа прашање се затвори со договор, процесот не се одблокира целосно.

Веднаш потоа следуваше ново вето, овојпат од Бугарија. Софија го услови почетокот на преговорите со барања поврзани со историјата, јазикот и идентитетот, теми што не се дел од европските критериуми.

Овие две блокади јасно покажаа една работа. Во сегашниот систем на ЕУ, една држава може сама да го стопира целиот процес, без разлика колку кандидатот ги исполнува услови.