Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија.

– Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Северна Македонија или на други места, изјави Маѓар на денешната прес – конференција одговарајќи на прашање на грузиски новинари за односите на нивните две земји.

Одговарајќи на прашањето за можната екстрадиција на двајца полски политичари, кои добија азил во Унгарија како политички прогонувани лица, Маѓар го спомна и примерот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, за кого рече дека исто така треба да биде екстрадиран.