Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Православните верници го слават Велигден – Христос воскресна, навистина воскресна!

Камбаните одекнаа насекаде носејќи ја веста за Христосовото Воскресение. Праволавните христијани ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камбаните одекнаа насекаде носејќи ја веста за Христосовото Воскресение. Праволавните христијани ги преполнија храмовите и илјадници граѓани со радост ја одбележаа Христовата победа над смртта. Традиционално, Соборниот храм и утрината го исполнија верници за велигденската богослужба. Во духот на празникот, свештениците испратија пораки за вера, надеж и љубов.

„Воскресението е темелорт на нашата вера, сила на наша надеж, смртта не е крај, туку е премин на живот кон бога, извор на љубов, преку него учиме да љубиме.“– вели г.г. Стефан, Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Да го чуваме споменот за нашите достојни претчественици за нашата татковина и црква, нека ни бидат и порака да ги сочуваме придобивките кој ни ги оставиле и да ги надградуваме со нови плодови.“– порача Отец Сашо.

Реклама

Граѓаните утринава запалија свеќи за здравје, среќа, бериќет и мир и оставија по едно вапсано црвено јајце на иконите. По завршувањето на 48-дневниот пост, денеска ќе седнат на празнична трпеза, споделувајќи ја радоста со своите најблиски.

„Тоа е ново раѓање, нов почеток. Надеж за подобро утре, здравје и среќа. Ова е најголем христијански празник. Ќе го славам со најблиските на велигденска трпеза, ќе има месо и од се по нешто. Им порачувам на сите да се сакаме и политуваме и да си помагаме безусловно.“– велат граѓаните.

Велигден, како најголем христијански празник, го одбележува денот кога Исус Христос ја потврдил својата божественост преку воскреснувањето од мртвите. Христовото воскресение претставува надеж и ветување за вечен живот, и е најзначајниот настан врз кој се темели верата на православните христијани. Празнувањето на Велигден трае три дена, а верниците меѓусебно се поздравуваат со „Христос Воскресе“ и одговараат „Навистина Воскресе“, се до празникот Св. Спас.