Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во Потстаница во Кисела Вода

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, подари играчки за дечињата во новата градинка во населбата Потстаница, што е во завршна фаза на подготовки пред нејзиното официјално отворање, информираат од Општина Кисела Вода. Станува збор за нов објект на ЈДГ „8 Март“. 

При денешната посета на објектот, Мицкоска донела подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа.  Од Општина Кисела вода соопштуваат дека внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов тековните активности се насочени кон финално уредување на дворот.

-Упатувам искрена благодарност до госпоѓа Рози Мицкоска за овој убав гест. Играчките ќе донесат многу радост за дечињата во овој нов објект, кој наскоро ќе ги отвори своите врати. Континуираното вложување во детската заштита и проширувањето на капацитетите останува наш врвен приоритет- истакнала градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Реклама

Таа додала дека овој месец веќе е ставена во функција уште една градинка во населбата „11 Октомври“ – Згради, каде веќе се примаат дечиња.

Од Општина Кисела Вода велат дека преку новиот објект во Потстаница, како и со новата градинка што се гради во Расадник, целта е да се овозможи соодветна грижа и современи услови за престој на секое дете од општината.