Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Народниот правобранител повика на забрзана интеграција и еднакви можности за Ромите

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, народниот правобранител Фатон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, народниот правобранител Фатон Сељами упати апел за надминување на стереотипите, укинување на сегрегацијата и обезбедување еднакви можности за припадниците на ромската заедница, нагласувајќи дека образованието е клучно за нивна целосна интеграција во општеството.

Во соопштението Сељами нагласува дека еднаквоста и пристапот до сите права и услуги што ги гарантира државата треба да бидат принцип што важи за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност. 

– Еднаквоста, пристапот до сето она што го гарантира државата, мора да биде принцип што ќе важи за сите, без разлика на која етничка заедница припаѓаат. Сегрегацијата во училиштата и дискриминацијата мора да ја оставиме далеку зад нас доколку сакаме да зборуваме за мултикултурно општество – наведува тој.

Реклама

Посебен акцент народниот правобранител става на образованието како клучен фактор за подобрување на животните услови на ромската заедница.

– Местото на ромските деца е во училишните клупи, не на улиците, како што, за жал, покажуваат нашите истражувања. Токму затоа секој фактор во нашата држава мора максимално да се залага оваа состојба да се надмине – дополнува тој.

Сељами оценува дека токму преку квалитетен и инклузивен образовен процес се отвора патот кон целосна интеграција на сите етнички заедници, вклучително и Ромите.

– Без тоа, не можеме да зборуваме за просперитетна и правна држава, која сите ќе ја чувствуваат како свој дом – се вели во соопштението на народниот правобранител.