Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

МОН првпат обезбедува учебник за „Јазик и култура на Ромите“ за шесто одделение

Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерство за образование и наука (МОН) направи значаен исчекор во унапредување на образованието на ромската заедница обезбедувајќи првпат учебник по изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ за шесто одделение. Оваа новина доаѓа по спроведената постапка во согласност со објавеното известување на МОН, како и по измените во Законот за учебници во основното и средното образование, со кои се интервенира во членовите 10 и 15. Со овие измени се создадоа услови за проширување на наставните материјали и за повисоките одделенија – велат од Министерството.

Во минатото учениците од ромската заедница имале на располагање учебници по овој предмет само од трето до петто одделение, што, како што велат од МОН, претставувало ограничување во континуитетот на изучување на сопствениот јазик и култура.

Со новиот учебник за шесто одделение, чиј автор е Даниел Петровски, првпат се обезбедува надградба на наставниот процес.

Реклама

Од Министерството за образование и наука информираат дека во тек е и постапка за изработка на учебник за седмо  одделение.

– Паралелно со ова, МОН донесе и нов подзаконски акт, правилник за начинот на формирање групи помали од 15 ученици од исто одделение, со цел да се овозможи изучување на јазикот и културата на заедниците и во случаи кога бројот на ученици е помал. Правилникот е донесен врз основа на член 53 став (9) од Законот за основното образование – се вели во денешното соопштение од МОН.

Според податоците, изборниот предмет „Јазик и култура на Ромите“ во моментот го изучуваат над 2.300 ученици Роми, распределени во 13 основни училишта во 7 општини во државата.

Од Министерството за образование и наука го честитаат 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите и изразуваат уверување дека интензивно ќе продолжат да се имплементираат политиките за унапредување на образовната еднаквост, зачувување на културниот идентитет и зголемување на пристапот до квалитетно образование за учениците од ромската заедница.